Железница вози телекомуникациски бизнис

Bez autora
Feb 19 2014

Домашни и странски компании можат да се тркаат за фиберооптичкиот кабел на "Македонски железници - Инфраструктура". Ова јавно претпријатие со одлука на Владата на РМ има објавено два отворени огласи за изнајмување на дел од активниот кабел на заинтересирани телекомуникациски и други компании, бидејќи капацитетот што го поседува е поголем од потребите на оваа компанија. Вториот оглас се однесува на доделување под закуп на дел од пасивната интегрирана телекомуникациска оптичка мрежа (пар оптички влакна) на куси растојанија. Според помошникот на директорот за општи прашања на "Македонски железници - Инфраструктура", Петар Спасовски со давањето на фиберооптичкиот кабел под закуп можат се искористат неговите можности што ќе придонесе за либерализација на телекомуникацискиот пазар. Преку оптичкиот кабел може да се пренесува интернет, телевизија и друг трансфер на податоци.

Железница вози телекомуникациски бизнисДомашни и странски компании можат да се тркаат за фиберооптичкиот кабел на "Македонски железници - Инфраструктура".

Ова јавно претпријатие со одлука на Владата на РМ има објавено два отворени огласи за изнајмување на дел од активниот кабел на заинтересирани телекомуникациски и други компании, бидејќи капацитетот што го поседува е поголем од потребите на оваа компанија. Вториот оглас се однесува на доделување под закуп на дел од пасивната интегрирана телекомуникациска оптичка мрежа (пар оптички влакна) на куси растојанија.

Според помошникот на директорот за општи прашања на "Македонски железници - Инфраструктура", Петар Спасовски со давањето на фиберооптичкиот кабел под закуп можат се искористат неговите можности што ќе придонесе за либерализација на телекомуникацискиот пазар. Преку оптичкиот кабел може да се пренесува интернет, телевизија и друг трансфер на податоци.

- За да може оптичката мрежа да работи, потребно е да се инсталираат мултиплексни уреди коишто овозможуваат многу брз проток. Ние тоа го направивме уште во 2010 година. Инсталиравме такви уреди од израелската компанија ЕЦИ и со нив сега преку нашата оптичка мрежа овозможуваме брз пренос на информации од над 10 гигабити во секунда и на нас, според брзината, може да ни парира само Македонски телеком - вели Спасовски.

"МЖ-Инфраструктура" има поставено 350 километри фиберооптичкиот кабел покрај пругата по целата должина на Коридорот 10 (од Табановце до Гевгелија во должина од 210 километри), потоа од граничниот премин Блаце до Скопје, но и на Коридорот 8 долж пругата од Скопје до Гостивар. Спасовски вели дека положен е кабел и на пругата кон Битола, но се уште не е во функција, а наскоро планираат тоа да го сторат и на пругата од Гостивар до Кичево.

- Со поставените фиберооптички кабли покрај пругите и со мултиплексните уреди, Македонија е лидер во регионот во телекомуникациското железничко поврзување. Србија и Босна и Херцеговина воопшто го немаат, во Бугарија нешто функционира, а Хрватска сега го воведува - вели Спасовски.

Според него, најголем интерес има за издавање на капацитетите за брз проток, отколку за издавање на слободни влакна во оптичкиот кабел.

- Пред да ни профункционираат мултиплексните уреди ги рентавме слободните влакна кои ги има од 30 до 40 во еден кабел. Во 2008 година по две влакна им дадовме на Вип оператор и на компанијата Телесмарт на користење од две до 10 години. Вип оператор се уште ги користи, а Телесмарт се откажа по две години - вели Спасовски. Согласно договорот, овие две телекомуникациски компании на железничката компанија месечно и плаќаа(т) по 3.000 денари за секој километар од изнајмениот кабел по должината на пругата од Табановце до Велес, вклучително и до Скопје, опфаќајќи го и скопскиот ринг. Од Вип тогаш изјавија дека влакната што ги добија на користење од МЖ ќе ги користат за подобрување на сопствената инфраструктура со што нивните крајни корисници да добијат уште поквалитетни услуги, а истовремено да им се намалат трошоците за оперативно работење.

Спасовски нагласува дека за сопствени потреби "МЖ-Инфраструктура" користи само две влакна и уште две ги чува како резерва и добро е што може останатите да ги изнајмува бидејќи остварува дополнителни приходи со кои ги покрива трошоците.

Во земјава има четири оптички кабли. Еден користи Македонски телеком, а другите два се во сопственост на ОКТА и МЕПСО.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik